По опасната реторика, смирувачи тонови од Кремљ. Рускиот претседател изјави дека постојат реални можности за постигнување решение за конфликтот во Украина. Путин оцени дека американскиот претседател Трамп е посветен на позитивен и конструктивен ангажман во насока на негово надминување.
„Најважно е Русија и Украина меѓусебно да постигнат договор, додека другите земји можат само да помогнат во тој процес”, изјави Путин,
Шефот на Кремљ вели дека пристапот на САД кон руско-украинските преговори е исправен. Тој посочи дека продолжуваат контактите со претставниците на американската администрација кои Трамп ги назначи за дијалог со Москва.
Изјавата следува по неколку дена опасна реторика. Украинскиот претседател Зеленски предупреди за дроновите над руското небо, Москва обвини за тероризам и рече дека не преговара со терористи. Нападите со ракети и беспилотни летала продолжија и на двете страни од границата.