Реакции од ЕУ по дронот на аеродромот кај Лајпциг

ЕУ со осуда за обидот за напад врз германскиот аеродром „Лајпциг-Хале“.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Обидот за напад врз германскиот аеродром „Лајпциг-Хале“ за кој Германија ја обвини Русија, има карактеристики на државно спонзориран тероризам, истакна Високата претставничка на Европската
унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

„Јасно е дека тоа ги има сите карактеристики на државно спонзориран тероризам. Прашањето е што ќе преземеме во врска со тоа“, изјави Калас пред состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ во Ирска.

Министри на ЕУ зазедоа подеднакво остар став. Францускиот шеф на дипломатијата Жан- Ноел Баро го оцени нападот како дел од „долготрајниот обид на Кремљ да ја дестабилизира Европската Унија и да ја ослаби поддршката за Украина.

Ирската министерка за надворешни работи Хелен Мекенти изјави дека Европа веќе ја надминала фазата во која едноставно се зборува за „Хибридни закани”.

ЕУ веќе се подготвува за нови санкции насочени кон 1.600 физички и правно лица поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс.

Германската Влада ја обвини Русија за обидот за напад врз аеродромот „Лајпциг- Хале” на 4 август, кој бил изведен со дрон наполнет со експлозив и најави затворање на рускиот конзулат во Бон. Дронот бил пронајден во близина на украински авион, а експлозивната направа била деактивирана. Германските власти тогаш изјавија дека инцидентот претставува ново ниво на опасност.

Најнови вести