Димитриеска- Кочоска: Владата избра пат на постепена и одговорна фискална консолидација

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Геополитичката неизвесност, повисоките цени на енергијата, ограничувањата во глобалната трговија и построгите финансиски услови оставаат директни последици врз економиите од Западен Балкан, но и врз фискалниот простор за одговор на секој нов шок, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќањето на Регионалната конференција „Охрид 2026“.

„Една од најважните лекции од последните години е дека фискалниот простор мора да се создава пред да биде потребен. Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне. Таа се гради претходно, преку одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на дефицитот, внимателно управување со јавниот долг, подобра наплата на приходите и повисок квалитет на јавната потрошувачка. Тоа е и пристапот што Република Македонија го следи во својата среднорочна фискална политика“, рече министекрата.

Таа додаде дека во време на континуирана неизвесност, како и зголемен јавен долг како резултат на фискалната поддршка за време на пандемијата и енергетската криза, балансирањето помеѓу реалните потреби и можности е вистински предизвик за јавните финансии.

Димитриеска-Кочоска потенцира дека на економиите од регионот им се потребни повисоки стапки на раст и треба да се стави акцент на стратешките инвестиции во инфраструктурата и енергетиката, особено ако се имаат предвид климатските промени, кои оваа година особено го погодија европскиот континент.

Најнови вести