Регистриран 31 пожар, се уште беснее огнот кај село Грачани

Центар за управување со кризи соопшти дека на отворен простор до 07:30 часот има 2 активни пожари, 5 се под контрола и 24 се изгаснати.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Се уште трае борбата со огнената стихија во селото Грачани во Ѓорче Петров. Од утринава со хеликоптери се гасат пламените јазици, а пожарникарите неуморно се обидуваат да го спречат огнот. Пожарот е активен и на територија на Република Косово. Чадот во утринските часови и натаму се чувствува во неколку скопски општини.

Пожар е регистриран и во Македонски Брод, во селото Белица, каде е зафатена нискостеблеста деградирана и мешана шума, соопштија утринава од ЦУК.

Најнови вести