Земјотрес со магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во југозападниот дел на Македонија.
Според првичните податоци, потресот се случил во 22.18 часот по локално време, 11 километри југозападно од Битола и на длабочина од 6 километри.
Земјотресот беше почувствуван во југозападните делови на државава, Битола, Ресен и околните населени места, како и во пограничниот регион.