Случај „Пулс“

Родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека со жестока реакција по сведочењето на вештакот на одбраната

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Родителите на загинатите во кочанската дискотека, на денешното рочиште реагираа на изјавата на вештакот на одбраната, кој на денешното судење кажа дека „Пулс“ имал три излези и три влеза.

,,Од тоа што го слушаме од вештакот на одбраната, човек навистина може да се запраша што точно треба да покаже едно вештачење – стручност или начин како да се оправда неодбранливото?

Слушаме споредби, различни толкувања и аргументи кои повеќе создаваат дилеми отколку што даваат јасни одговори. А за нас, родителите, тоа е неприфатливо.

Кога се зборува за трагедија во која изгубивме 63 млади животи, очекуваме конкретни и јасни одговори, а не конструкции и дополнителни толкувања со кои се замаглува суштината.

Кое прашање е поставено, кој факт се разјаснува и каде е доказот што го потврдува кажаното? Токму тоа сакаме да го слушнеме.

Одбраната има право да ја гради својата теза, но не може со споредби и небулозни аргументи да ја промени вистината што треба да произлезе од доказите.”

Судењето продолжува.

Во трагедијата во кочанската дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Најнови вести