Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите, родителите, наставниците и учениците – да бидат внимателни, одговорни и солидарни, затоа што безбедноста на секое дете е заедничка обврска.
Во периодот пред и по почетокот на наставата, возачите треба да бидат особено внимателни во близина на училиштата, детските игралишта и на пешачките премини.
– Намалете ја брзината и почитувајте ги ограничувањата, особено во училишните зони.
– Застанете и пропуштете ги пешаците кои преминуваат или имаат намера да преминат преку пешачки премин.
– Бидете внимателни на деца кои можат ненадејно да излезат на коловозот.
– Не користете мобилен телефон додека управувате со возилото.
– Не паркирајте на тротоари, пешачки премини и други места каде што го попречувате движењето на учениците.
– Почитувајте ги сообраќајните знаци и сигнализацијата во близина на училиштата.
Родителите имаат важна улога во создавањето правилни навики кај децата, како учесници во сообраќајот.Разговарајте со децата за правилата за безбедно движење во сообраќајот, особено со помалите ученици, заедно поминете ја најбезбедната патека од домот до училиштето, научете ги децата:
– секогаш да се движат по тротоар или пешачка патека;
– коловозот да го преминуваат исклучиво на означен пешачки премин, кога тоа е возможно;
– пред преминување внимателно да погледнат лево и десно и да се уверат дека преминувањето е безбедно;
– да не трчаат преку улица и да не излегуваат ненадејно на коловозот;
– да не користат мобилен телефон, слушалки или други електронски средства што им го одвлекува вниманието при преминување улица;
– да носат заштитна кацига при возење велосипед.
Препораки до учениците
– Види и биди виден
– Не брзај кога ја преминуваш улицата.
– Преминувај на пешачки премин и почитувај ги семафорите.
– Секогаш провери дали возилата застанале пред да започнеш да преминуваш.
– Не трчај и не играј покрај коловозот.
– Биди особено внимателен кога излегуваш од автобус или друг вид превоз.
– Ако одиш со велосипед, користи соодветна заштитна опрема и почитувај ги правилата за безбедно учество во сообраќајот.
– Внимавај на сообраќајот и не дозволувај телефонот, слушалките или играта да ти го одвлечат вниманието.