Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека постигнатиот договор меѓу САД со Данска и Гренланд претставува голема победа за американскиот народ.
„Овој историски договор претставува голема победа за Соединетите Американски Држави и американскиот народ. Благодарение на визијата и лидерството на претседателот Трамп, овој историски договор трајно ги гарантира безбедносните интереси на САД на Арктикот, без никакви трошоци за американските даночни обврзници“, напиша Рубио во објава на социјалната мрежа Икс.
Како што наведе, Гренланд засекогаш ќе биде дел од зоната на стратешка одбрана на Северна Америка, со што ќе се спречи присуството на кој било противник на таа територија и во нејзиното опкружување.