Рубио не сака да биде песимист, но има уште работа за крај на војната во Украина

Во Москва и во Киев биле разгледани нови идеи за решавање на украинскиот конфликт, изјави американскиот државен секретар. Рубио не сакаше да оцени дали разговорите биле успешни, но нагласи дека имале посебно значење.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Се уште има многу работа за да се стигне до крај на војната во Украина, истакна Американскиот државен секретар Марко Рубио. Во следните неколку недели предвидено е да се развие план за обновување на разговорите и потенцијално да се постигне договор прифатлив за двете страни.

Рубио оцени дека викендов состаноците меѓу претставниците на САД и претседателите на Русија и на Украина биле продуктивни, а за суштински идеи за првпат била изразена одредена општа отвореност.

Русија и Украина привремено ги запреа нападите врз нивните главни градови за време на посетата на Виткоф и Кушнер, но борбите продолжија откако претставниците си заминаа.

Вчера Кремљ потврди дека Путин и Трамп телефонскиот разговарале за активностите што САД би можеле да ги преземат за побрзо ставање крај на војната. Путин му нагласич на Трамп дек „нема никакви агресивни планови кон Европа“.

Најнови вести