Државниот секретар на САД, Марко Рубио,
за ограничувањата за воената употреба на системот Старлинк, рече дека извештаите оти Белата куќа му наредила на Спејс Икс да ги намали брзините на интернет за одредени дронови да не можат да го користат се „категорично лажни“.
Рубио, исто така, појасни дека Старлинк и Старшилд, сателитската мрежа дизајнирана од Спејс Икс за потребите на Министерството за одбрана на САД, се два различни „производи“ и дека Украина во моментов нема пристап до комуникацискиот систем Старшилд, а прашањето е во фаза на дискусија.
„Старшилд е сосема различен производ. Старшилд има договор со американската војска. Тоа нема никаква врска со Украина. Знам дека Украина сака пристап до него. Тие сега го немаат Старшилд. Тие побараа пристап до него за да спроведат длабоки напади во Русија. Тие немаат пристап до него во овој момент. Тоа се два различни производи“, рече државниот секретар на САД, Марко Рубио.
Претседателот Володимир Зеленски претходно изјави дека ограничувањата на системот Старлинк се чини дека се намерни и не се резултат на никакви технички проблеми, осудувајќи ја одлуката на САД за откажување од санкциите против Русија.