Војната во Украина продолжува. Најмалку седум лица загинаа, а 76 се повредени при руските ударите со ракети и беспилотни летала во повеќе региони.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека погодиле три товарни брода во Црно Море во близина на пристаништата Чорноморск и Одеса, кои превезувале опрема за украинските воени сили. На удар и неколку логистички центри во различни региони на Украина.
Во меѓувреме, Романија објави дека нејзините радари детектирале група воздушни цели во близина на границата со Украина. Локалните жители во Полска беа предупредени три пати во рок од 12 часа дека полските воздухопловни сили ја следат состојбата со воздушниот простор поради руските напади врз соседна Украина.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека нема да има трилатерални разговори за завршување на војната пред изборите за Државната дума во Русија на 20 септември.
Портпаролот на Кремљ, Песков, нагласи дека Украина не предлага долгорочно решение на војната, туку прекин на огнот во областа што претставува нејзина „Ахилова пета“. Тој, исто така, рече дека во моментов нема конкретни дискусии за можноста за енергетски прекин на огнот и дека руските сили напаѓаат цели во Украина како одговор на украинските напади.