Русија гласа на локални и парламентарни избори, победникот познат

111 милиони граѓани излегуваат на гласање за нов парламентарен состав. На локалните избори гласачите избираат гувернери во 11 региони, а ќе се гласа и во анектираните украински територии.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од денеска до недела во Русија се одржуваат парламентарни и локални избори. 111 милиони граѓани избираат нов состав на Државната Дума.

На локалните избори гласачите избираат гувернери во 11 региони, а ќе се гласа и во анектираните украински територии.

Се очекува партијата „Единствена Русија“, да ја задржи доминантната контрола врз Долниот дом на Думата, а според прогнозите, пратенички места може да освојат и уште неколку други партии кои исто така се под контрола на претседателот Владимир Путин.

Шефот на Кремљ, Путин вели дека изборите се референдум за поддршката на војната со Украина. Единствената регистрирана партија што ги критикуваше борбите во соседството беше отстранета од гласачкото ливче.

Најнови вести