Во напад со дрон извршен ноќеска оштетен е дата-центар на компанијата „Јандекс“ во руската Рјазанска област, 300 километри југоисточно од Москва.
Компанијата „Јандекс“, популарно е позната како „руски Гугл“.
Од „Јандекс” претходно наведоа дека тоа е нивниот најголем дата-центар, од големо значење за функционирањето на нивните услуги и клауд- инфраструктурата.
Компанијата „Јандекс клауд” потврди дека дошло до инцидент и проблеми со напојувањето во една од зоните. Прекините почнале околу 1:31 часот, а ситуацијата не била стабилизирана ниту 40 минути подоцна.
На корисниците им било советувано дел од своите услуги да ги префрлат на други локации, додека инженерите работат на нормализирање на системот.