Претседателски избори

САД ги стопираа конзуларните услуги во Бразил

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

САД привремено ги запреа конзуларните услуги во Бразил од безбедносни причини, два дена пред претседателските избори во земјата.Нема потврда колку долго ќе трае суспензијата, ниту пак е наведена конкретна причина за ваквиот потег.

Американската амбасада во Бразил ги повика американските државјани да не ги посетуваат дипломатските објекти, дури и во итни случаи, туку наместо тоа да побараат помош по електронски или по телефонски пат.

Австралиската амбасада во Бразилија, исто така, вчера беше затворена поради безбедносни причини. Австралија се повика на безбедносното предупредување од САД и ги советуваше своите граѓани да ја избегнуваат американската амбасада,
конзулатите и околните области.

Претседателските избори во Бразил треба да се одржат утре. Анкетите покажуваат дека левичарскиот кандидат и актуелен претседател Луис Инасио Лула да Силва и десничарскиот сенатор Флавио Болсонаро – син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро се во тесна трка, далеку пред останатите кандидати.

Најнови вести