Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД и Венецуела постигнале „историски договор“, со кој Вашингтон ќе контролира 65 милијарди барели венецуелска нафта. Шефот на Белата Куќа очекува договорот да го зголеми американското снабдување и да ги намали цените на горивата.
Договорот следува речиси девет месеци по соборувањето и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Привремената претседателка Делси Родригез го поздрави договорот и рече дека очекува тој да придонесе за економското закрепнување на Венецуела.