САД

САД можат „да се погрижат за Куба” на враќање од Иран- Трамп со жестока реторика од партиски митинг

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американскиот претсдсател Доналд Трамп на митинг во Флорида сугерираше дека САД би можеле „да се погрижат за Куба на враќање од Иран“.

Изјавата следуваше откако од толпата на собирот во јужна Флорида праша за Куба, додека Трамп зборуваше за постапките на неговата администрација во Венецуела и Иран.

“Ќе се погрижиме за Куба на враќање од Иран. Ќе направиме мало застанување. Всушност, она што ќе го направиме со Куба е дека ќе се вратиме од Иран, тие прекрасни бродови ќе поминат покрај Куба, еден од нив ќе застане на околу 50 јарди од брегот, а потоа ќе го испратиме Марко Рубио да го заврши договорот.”

Трамп претходно рече дека Куба ќе биде следна во однос на напорите за интервенција во странство.

Порано оваа недела, двете земји се судрија во Обединетите нации, пред претстојното годишно гласање со кое се осудува децениското економско ембарго на Вашингтон против Хавана.

Најнови вести