Сам се пријави германецот кој се обиде да криумчари милион евра на границата меѓу Србија и Косово

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во февруари еден милион евра беа најдени во под на минибус на границата меѓу Србија и Косово. Парите биле откриени на граничниот премин Мердаре, во специјално преправен простор во возило со албански регистарски таблички.

Еден милион евра биле скриени во специјално направен простор во подот на минибусот. Парите биле поделени во 18 пакети, составени од банкноти во износ од 10, 20, 50, 100 и 200 евра. На секоја кеса во која биле спакувани парите, имало бројка. Царинските службеници се посомневале бидејќи минибусот патувал од Србија кон Косово без патници, што ги навело да извршат темелен преглед на возилото.

Вчера, на 23 октомври, осомничен маж, германски државјанин, се пријавил сам во Специјалното обвинителство на Косово на распит во врска со инцидент од 24 февруари 2026 година.

За време на распитот, осомничениот признал дека запленетите средства се негови, но не успеа да приложи доказ за потеклото на парите, ниту пак да ја објасни својата поврзаност со лицата кои ги превезувале.

Во февруари, на истиот граничен премин беа уапсени тројца осомничени додека превезувале непријавени парични средства.

Најнови вести