Лозарите се доведени во оваа ситуација поради премиерот Мицкоски, недозволиво е власта да се претставува како посредник, таа е директен актер на пазарот и со закон учествува во формирањето на откупната цена, обвинија социјалдемократите.
„За две години ВМРО направи пустош во секоја гранка на земјоделството. Не им е грижа за земјоделците. Не им е важен човекот кој произведува храна. Не им е важен лозарот кој со својот труд ја одржува Тиквешијата и целиот лозарски крај и е заслужен за квалитетното македонско вино. Важни им се криминалните партиски тендери и договори – за тоа секогаш имаат ставка како да најдат пари. Тоа е арамискиот концепт на Мицкоски и неговата криминална организација“. изјави Симона Цветаноски.
СДСМ побара Владата веднаш да реагира, да обезбеди откуп и да донесе интервентни мерки со што би се заштитиле лозарите како и итно да се зголеми откупната цена за 5 денари по килограм, а да се укине 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна на државата на црното грозје кое ќе остане непродадено.