СДСМ: Дали настапот на Дејвид Гета ќе чини 5 милиони евра?

Социјалдемократите преку соопштение изразија осуда, за како што велат, дрското однесување кон новинарите и кон јавноста за прашањето поврзано со тоа колку ќе чини настапот на светската ѕвезда,

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Граѓаните имаат целосно право да знаат, новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања. А Владата на Мицкоски наместо ароганција има обврска да им каже колку пари ги чини прославата по повод 35 години од независноста, стои во соопштението.

Опозициската партија пресметала дека настапот на Дејвид Гета ќе чини најмалку 1 милион евра.

„Ако на тоа се додадат бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери и така натаму сумата значително се зголемува.
Со сите активности и настани по некои проценки вкупната сума достигнува до 5 милиони евра. Прашањето е како е донесена одлуката да се потрошат над 5 милион евра? Авалон фирмата којашто ја најавува владата е со блокирана сметка и на листата на должници на УЈП.“

СДСМ прашува како е одлучено Авалон да е организатор наа државна манифестација, без јавен повик, без тендер.

.

Најнови вести