По повод 11 Октомври – Денот на народното востание и одбележувањето на 85-годишнината од почетокот на Народноослободителната и антифашистичката борба, СДСМ денеска во Прилеп на марш под слоганот „Непокор. Борба. Иднина”.
Маршот почнува во 11:30 часот од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените, а ќе заврши пред Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941″ – Участакот во Прилеп, каде што ќе се обрати претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче.