Газда Деко и речиси сите обвинети за „Пулс“ се на слобода. Родителите порачаа дека правдата не смее да истече. А што прави власта на Мицкоски? Две и пол години ја контролираат полицијата. Две и пол години ги контролираат обвинителствата. Две и пол години ги контролираат судовите, стои во соопштението на СДСМ.
Опозициската партија посочува дека резултатот е како што велат дека виновниците за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 млади животи а 193 беа повредени, излегуваат на слобода.
Обвинуваат за контролирано судство и дека премиерот ветил дека ќе се повлече од функцијата и излажал.
„Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите во Кочани повторно гледаат како правдата се топи. Го ослободуваат Латас. Го ослободуваат Груевски. Си го враќаат имотот стекнат преку криминал.
Ги ослободуваат одговорност телохранителите кои тепаат жени. Ги ослободуваат од одговорност царината и полицијата за 5 тони дрога.
Ги ослободуваат градоначалниците .Така изгледа правдата со Мицкоски“, соопшти СДСМ.
СДСМ со поддршка за семејствата на жртвите, бараат целосна и неселективна одговорност.