СООПШТЕНИЕ

СДСМ: Македонија е изоставена од патоказите кон ЕУ

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СДСМ обвинува дека Македонија останува надвор од новиот акционен план на Брисел за земјите кои се најблиску до членство во Европската Унија. Од партијата велат дека, покрај Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија, во планот не се вклучени Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина, кои, според нив, бележат застој во реформскиот процес.

Од партијата ја обвинуваат Владата дека не ги исполнила преземените обврски и дека реформите во судството и другите институции стагнираат. Истовремено, партијата тврди дека ваквата состојба ѝ одговара на Русија и на Србија, додека Владата, според нив, ја оддалечува земјата од европската интеграција.

Социјалдемократите оценуваат дека изолацијата на земјата е резултат на политиките на актуелната власт и бара одговорност за застојот на европскиот пат.

Најнови вести