партиско соопштение

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33% од работниците живеат во сиромаштија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Минималната плата не ги покрива ниту основните месечни потреби за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство. Само за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци, се наведува во соопштението од СДСМ кое РЕПЕР го објавува интегрално.

-Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно.

33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.

Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија.

Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000.

Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни.

Најнови вести