СДСМ прашува дали возачот бил само продолжена рака на Јанушев

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Рената Младеновска, член на Извршниот одбор на СДСМ, побара да се истражи целиот случај со возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и да се утврди дали тој постапувал самостојно или зад неговите постапки стои некој друг.

„Можам само да додадам дека, како и досега, можеби дел од полицијата си ја врши својата работа, меѓутоа, како и во досегашните случаи, досега никој не одговара“, рече Младеновска.

Таа посочи дека треба да се следи целиот тек на постапката и да се види дали возачот ќе понесе одговорност.

„Можам само да додадам дека, како и досега, можеби дел од полицијата си ја врши својата работа, меѓутоа, како и во досегашните случаи, досега никој не одговара. Баш да видиме дали во овој случај ќе одговара возачот или само со еден телефонски повик ќе му биде завршена работа и да видиме да се истражи целата процедура, да видиме дали овој човек е само продолжена рака на Игор Јанушев“, истакна Младеновска.

Најнови вести