СДСМ на прес-конференција обвини оти Премиерот Мицкоски го штити Министерот Тошковски поради случајот со бегството на Ива Михаилова.
„Наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар.
Се повикува амбасадорот на Бугарија, се распишува потерница, се бара притвор, префрлаат одговорност на некој друг, се тера медиумска кампања, криви им се Филипче, Заев, СДСМ. Границата е швајцарско сирење, решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Со МВР раководи Панче Тошковски. Со МБР Тимчо Муцунски. Владата ја води арамијата Христијан Мицкоски. Целата одговорност е кај нив“, изјави Кети Штерјова од СДСМ.
Од партијата додаваат дека полицијата во рацете на власта служи како заштита на криминалот на власта и алатка за гласање.
„Пет тони дрога поминаа преку граница. Safe City без закон кој ќе го контролира. Бодигардот на Мицкоски што тепа жени е пуштен. Не реагираа на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете. Сериски убиец бил на слобода. Артан Груби излегува на слобода со прослава. Мицкоски поставува обвинител на телевизија. Наредува од собраниска говорница и по телефон. ДКСК и обвинителството ги отфрлаат сите пријави за криминалните тендери. Извештајот на Европската комисија е катастрофален: мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети. Народот талог и мочуриште.Се апсат за закани кон Мицкоски на социјалните мрежи. Обвинителството не реагира за напад на младите во Ново Село и заканите кон членови на партијата. Закон важи само кога има вперена камера. Не важи кога треба да се истражи касата, границата, тендерот“, се е фарса, изјави Штерјова.