Наместо брза и неселективна одговорност, гледаме одолжување на постапките и ослободување на лица поврзани со случајот. Сега и „Газда Деко“ е пред слобода. Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО. Како и за сè друго што им ветил на граѓаните – излажа, обвинува опозициската партија.
„Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата. Ова веќе не е изолиран случај. Ова е систем. Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас. Враќаат имот стекнат со криминал на ВМРО-ОКГ“, посочува Богданка Кузеска.
Во продолжение целата прес-конференција.