СДСМ со поддршка за телевизиите, бараат да се истражи влезот на српската медиумска машинерија во Македонија.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СДСМ во целост ги поддржува барањата на националните телевизии и јавниот сервис кои предупредија за случувањата со законските сомнежи за влегувањето на српската медиумска машинерија и побараа институциите да постапат, соопшти на прес-конференцијата,  портпаролката Богданка Кузеска.

„Мора да се истражи во целост и да се утврди одговорност! Она што се случува е потврдува на сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност. Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, спроведува операцијата за медиумски мрак и во Македонија“, изјави Кузеска.

Од опозициската партија обвинија дека српската медиумска машинерија преку Еуроњуз и Ало влегува во земјата како што велат на сомнителен начин и со заобиколување на законите.

За ова веќе алармираат и националните телевизии, Македонската медиумска асоцијација кои соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола.
Истиот модел сега се подготвува и со Euronews Македонија и влегувањето на Ало групацијата.

„Мицкоски не само што ги спроведува copy-paste политиките на Вучиќ тој е извршител на интерсите на неговиот ментор.Ова е српско-руска агенда за Македонија да остане надвор од ЕУ и да остане тампон-зона за туѓи интереси. Медиуми. Банки. Осигурување. Капитал. Влијание. Се она што СДСМ предупредува се случува пред очите на јавноста. АЛТА банка веќе влезе во македонскиот банкарски сектор.
Парите од сметките на јавните претпријатија и државата (парите на граѓаните) се префрлаат во Алта банка, со што таа остварува профит за финансирање на медиумите“, вели Кузеска

СДСМ ги повикува слободните медиуми, невладините организации, интелектуалците, заедно да се спротивстават, бидејќи како што велат, ова е прашање што ги надминува партиските поделби.

 

Најнови вести