СДСМ со предлог закон за финансиска поддршка на земјоделските производи

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На прес-конференција лидерот на СДСМ Венко Филипче ја обвини власта дека нема стратегија за решавање на економските состојби, не се грижат за земјоделците и нема никакви мерки.

Додаде дека во изминатиот период се сретнал со стотина земјоделци и ги слушнал нивните проблеми.Тврди оти се разочарани бидејќи никој од власта не им обрнува внимание, се загрижени и исплашени.

Најави дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе поднесе предлог-закон до Собранието за финансиска поддршка за намалување на последиците од економската криза во 2026 година врз производството и откупот на земјоделските производи.

Најнови вести