Социјалдемократите ја обвинија власта за ново задолжување ид 1,3 милјарди евра и според нивните пресметки, за две години државата се задолжила со 4 милијарди евра.
Парите, според СДСМ се трошат на криминални тендери, а државната каса е празна.
“Како што најавуваме со месеци – во буџетот нема пари. Касата е празна. Затоа сега Мицкоски прави ново задолжување од 1,3 милијарди и го зголемува веќе постоечкиот долг од 2,5 милијарди на 4 милијарди евра. Недели наназад владата на Мицкоски се задолжуваше со десетици и стотици милиони евра седмично.
Ова не е запаметено во Македонија”, вели портпаролката Богданка Кузеска.