Реакција

СДСМ за кривичната против Макрадули: По нарачка се штанцаат пријави, ова е политички прогон

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СДСМ реагираше, откако поранешниот прв човек на Пошта, Јани Макрадули доби кривична пријава.

Од партијата децидни дека финансиската полиција по нарачка штанца кривични пријави против неистомислениците на власта и сите што ја критикуваат додека го штити криминалот на Мицкоски.

-СДСМ доставува пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи криминал, корупција и злоупотреби тешки 200 милиони евра. Никој не презема ништо. Поднесуваме пријави за загрозување на најважното, здравјето на граѓаните. А од Финансиска полиција, Обвинителство, судство, сите под контрола на Мицкоски молк. Само кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, се будат, поднесуваат кривични пријави по нарачки.

Социјалдемократите велат дека кога тие доставуваат документи и пријави за функционери на власта, настанува тишина.

-Нема одговор за кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар. Нема за предметите за криминалните тендерите од 200 милиони евра. Никој не одговара за Кочани, за 5 тони дрога преку граница, за пуштањето на Ива Михаилова, за нападот врз младите во Ново Село, за 5.5 милиони евра за еден диџеј. Никој не одговара за тендерот во Пошта за знам од 1.2 милиони евра. Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена. Ама кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат.

Од СДСМ велат дека законите треба да важат за сите подеднакво. Но тоа не е така со Мицкоски и ВМРО и институциите под нивна котрола.

Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка, класичен политички прогон.

Како е можно некој да добие кривична пријава затоа што не исплатил јавни средства за договори кои веќе биле истечени?

Тоа е клучно, отсуство на правен основ за исплата – во конкретниот случај договор за јавна набавка.

Дополнително, станува збор за затекната состојба за период пред неговото назначување.

Самоволието на ВМРО не е правда туку неправда.

Сите треба да знаат дека доаѓа времето правдата и вистина и за сите злоупотреби ќе се одговара, соопштија од партијата

Најнови вести