СДСМ за пресудата на Хашим Тачи: Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат

Повикуваме сите да ја почитуваат одлуката на судот и да избегнат поттикнување тензии или поделби, стои во соопштението на опозициската партија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СДСМ не се меша во работата на судот. Не кроиме пресуда според коалиција, нација или моментален интерес. Ако судот донел одлука за некој дека е виновен – тогаш тоа треба да се прифати, додека повисок суд не каже друго, велат од СДСМ.

-Таму обвинителството не работи на телефон. Затоа се бориме за Европска Унија. Законот мора да важи за сите.

Хаг судеше и кога на обвинителна клупа беше Ратко Младиќ. Тогаш рековме: пресуда мора да се почитува. И сега истото.

Законот не се бира по нација.

Според социјалдемократите реакциите на претседателот на Собранието, Африм Гаши се крајно несоодветни, тој извршува државна функција, претседател на Собранието и е претставник на држава што сака да биде дел од ЕУ. Не може двојни аршини, велат од партијата

Ова не е пресуда против албанскиот народ. Не е пресуда против правото на Косово на слобода. Судот суди поединци. Кој денеска ја претвора пресудата во етничка лекција, прави иста грешка како оној што злосторството го крие зад некое знаме.

СДСМ ќе ја почитува одлуката на судот и ќе повторува едно: никој не е над законот. Ни таму. Ни тука, се додава во соопштението.

Најнови вести