Исламската Република Иран испратила седум услови до Соединетите Американски Држави за повторно отворање на преговорите и ставање крај на војната. Техеран откри само три од условите. Барањата преку Катар веќе се доставени до Вашингтон, се чека одговорот на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови. Заканите на Трамп нема да дадат никаков резултат. Подготвени сме за одлучувачка војна“, рече Мохсен Резаи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност.
Катар и Пакистан со недели се обидуваат повторно да ги воспостават преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, во момент кога војната на Блискиот Исток се разгорува со нападите од јеменските Хути во Саудиска Арабија, а извозот на нафта во светот станува се понепредвидлив.