Северна Кореја истрела балистичка ракета кон морето во близина на источниот брег, соопштија Јужна Кореја и Јапонија.
Јапонското Министерство за одбрана објави дека ракетата паднала надвор од јапонскат економска зона. Засега нема информации за предизвикана штета.
Јужнокорејската војска го засили надзорот поради можноста Северна Кореја да изврши дополнителни лансирања и соопшти дека разменува информации со САД и Јапонија. Според јужнокорејската војска, ракетата била лансирана од областа Вонсан и прелетала повеќе од 700 километри.
Советот за национална безбедност при кабинетот на јужнокорејскиот претседател свика итен состанок за процена на ситуацијата.
Новото лансирање доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Северна и Јужна Кореја по експлозиите на мини во демилитаризираната зона на 21 септември.
Од Сеул побараа Пјонгјанг да ги прекине балистичките тестирања.