Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток од 20:45 часот го игра натпреварот од третото коло од Лигата на Нациите.
Во Скопје гостува селекцијата на Шкотска, која исто како и македонскиот национален тим на двата натпревара не постигна гол, но освои еден бод откако одигра 0:0 на гостувањето кај Словенија.
Околу три до четири илјади шкотланѓани се гости во главниот град и очекуваат одличен натпревар. Со насмевка, традиционални килтови, шкотски знамиња и добро расположение веќе уживаат на скопските улици.