По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.

Сиљановска – Давкова изрази подготвеност за продлабочување на македонско-унгарските односи преку политички дијалог, размена на посети и унапредување на економската соработка.

Претседателката се заблагодари за поддршката од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“. Таа укажа на неопходноста од кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги врзани за Копенхашките критериуми.

Соговорниците дискутираа за актуелните геополитички предизвици и потребата од јакнење на мултилатерализмот, како механизам за силни институции, што ќе им овозможи на малите држави поголемо учество во процесите на одлучување за глобалните прашања.
Шефицата на државата ја истакна потребата од длабоки реформи на меѓународните организации, премин од реактивна кон превентивна дипломатија како предуслов за ефективно справување со глобалната криза, како и за потребата од проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан.