„Скопје фелоушип“ носи регионални издавачи во Скопје

Во Скопје од 13 до 15 септември ќе се одржи програмата „Скопје фелоушип“, која во рамките на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ ќе собере издавачи, литературни агенти и професионалци од издавачкиот сектор од Грција, Бугарија и од Албанија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во програмата ќе учествуваат шестмина професионалци од издавачки куќи и литературни агенции од трите земји, кои ќе остварат средби со претставници на Македонската асоцијација на издавачи и домашни издавачки куќи.

Целта на „Скопје фелоушип“ е промоција на македонската книжевност во странство и воспоставување директни контакти меѓу македонските автори
и издавачи и нивните колеги од регионот.

Организатор на „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје, а програмата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Најнови вести