Главниот одбор на СНС на денешната седница во Ниш едногласно одлучи партијата на претстојните парламентарни избори да настапи со листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, со Александар Вучиќ како носител на листата. Дополнително, СНС го предложи Вучиќ за свој кандидат за претседател на Владата на Србија.
Претседателката на Собранието на Србија и членка на раководството на СНС, Ана Брнабиќ, оцени дека претстојните избори ќе бидат исклучително тешки и одлучувачки за иднината на земјата.
Само еден ден пред седницата, Вучиќ изјави дека изборите ќе ги распише за неколку дена, најдоцна на 9 или 10 септември. Како можни датуми за одржување на парламентарните избори претходно беа споменувани 18 и 25 октомври