МВР

Со ќесе марихуана и без дозвола се возел низ Виница

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Вчера на ул. „Јакимовски Пат” во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Н.М. (28) од Зрновци.

При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „Голф” со штипски регистерски ознаки, кое тој го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило.

При излегување од возилото, Н.М. фрлил ќеса со марихуана, која е пронајдена и одземена од полициските службеници. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести