Во ОВР Гостивар вчера е пријавено дека на влезот од Ургентниот центар во Гостивар, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Општа болница Гостивар, а управувано од Ф.А.(52) од с.Чегране, удрило во пешакот З.В.(63) од с.Горна Бањица.
По незгодата, З.В. била пренесена во Ургентниот центар Гостивар, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.