Законодавен дом

Собранието ја продолжува расправата за Буџетот за 2027 година

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја продолжува амандманската расправа за Предлог- буџетот за 2027 година, за кој се поднесени вкупно 400 амандмани.

Во Предлог-буџетот за 2027 година вкупните приходи се планирани на 395,4 милијарди денари, што е за 5,7 проценти повеќе во однос на оваа година. Расходите пак се проектирани на 440,4 милијарди денари или за 4,8 проценти повеќе во споредба со 2026 година.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, а за капитални инвестиции се планирани 40,8 милијарди денари, а даночните приходи на 223,1 милијарди денари, додека за социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии.

На вчерашното продолжение на седницата беа разгледани 12 амандмани поднесени од опозициските партии, кои не добија поддршка од Комисијата.

Дел од нив се однесуваа на обезбедување дополнителни средства за активности поврзани со заштитата на Охридскиот Регион, изработка на детални урбанистички планови, зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за животна средина, како и за реализација на инфраструктурни и еколошки проекти во повеќе општини.

Разгледани беа и амандмани за доизградба на колекторскиот систем и пречистителна станица во Крива Паланка, набавка на комунална механизација за општините Карпош и Куманово, како и за уредување на речни корита во селата Матејче, Оризари и Слупчане.

Најнови вести