Сообраќаен режим утре во Скопје поради настапот на Дејвид Гета- МВР со апел до граѓаните

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен утре во Скопје, поради музичкиот настап што ќе се одржи на Националната арена „Тодор Проески“ по повод Денот на независноста, 8 Септември.

Од СВР Скопје информираат дека настанот ќе започне во 19 часот, поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на приодите кон арената и на булеварот „Илинден“.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници на терен.

Најнови вести