Состанок на лидерите на ЕУ во северна Финска, во градот на Дедо Мраз

Состанокот се одржува во момент на континуирана закана по безбедноста на земјите - членки на Европската Унија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Шефови на држави и влади ЕУ се собраа на состанок во Финска во градот Рованиеми, за зајакнување на присуството на Унијата на Арктикот, регион каде што геополитичките тензии достигнаа врв во последните месеци.

Европската комисија треба да ја презентира новата стратегија за Арктикот во документ кој ќе ги дефинира главните насоки на Брисел за дејствување во регионот во наредните години. Интересот за Арктикот значително се зголеми од 2021 година, кога беше усвоена последната политика на ЕУ посветена на регионот. На самитот не се очекуваат формални одлуки, освен заедничка декларација и дебата на теми, од економски и безбедносни прашања.

Трамп и заканите за Гренланд

Пред седум месеци, американскиот претседател Доналд Трамп по трет пат се закани дека со сила ќе го преземе арктичкиот остров Гренланд кој е автономна данска територија, предизвикувајќи голема криза меѓу западните сојузници. Оттогаш, тензиите меѓу САД и ЕУ се потсмирија, но европските лидери не ги заборавија заканите и на овој состанок заеднички ќе ги разгледаат начините за зајакнување на присуството во регионот, во момент на континуирана закана од Русија од другата страна на финската граница.

Арктикот е исто така во центарот на загриженост за еколошките прашања. Поради климатските промени, регионот се затоплува речиси четири пати побрзо од светскиот просек, што има големи последици за екосистемите и населението.

Најнови вести