Соучениците на Михаил Арсовски, кој загина во сообраќајката кај Илинден, со голема болка се простија од него.
-Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната и ненадејна загуба на нашиот ученик Михаел Арсовски, ученик во Г-4а клас, кој заедно со својот татко трагично го загуби животот.
Во овие тешки моменти, нашето училиште упатува најдлабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите, соучениците и сите кои ги познаваа.
Михаел ќе остане засекогаш во нашите сеќавања како дел од нашето училишно семејство.
Нека почиваат во мир, велат неговите соученици.
Од него се простија и од Основното училиште „Гоце Делчев“ од Илинден.
-Со голема тага и болка ја споделуваме веста за загубата на нашиот поранешен ученик Михаил Арсовски и неговиот татко, кои починаа во саботата. Михаил ќе го паметиме како добар, воспитан и искрен ученик, кој остави убави спомени во нашето училиште и во срцата на сите што го познаваа. Во овие тешки моменти упатуваме искрено и длабоко сочувство до семејството, роднините и сите нивни блиски. Нека почиваат во мир. Вечна слава и светол спомен.
Погребот се одржа денес, во 13:00 часот во Марино.