Европска поддршка

Советот на ЕУ одобри 10 милиони евра за Балканските медицински наменски сили

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Советот на ЕУ усвои мерка за помош
во рамки на Европскиот мировен фонд во вредност од 10 милиони евра. Парите се наменети за зајакнување на оперативните капацитети и подготвеноста на Балканските медицински наменски сили.

Делегацијата на ЕУ ја нагласува континуираната ангажираност на блокот и на земјите-членки со партнерите од Западен Балкан во областа на безбедноста и одбраната.

Европскиот мировен фонд беше воспоставен во март 2021 година за финансирање активности во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика, со цел спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност.

Фондот и овозможува на ЕУ да финансира активности наменети за зајакнување на капацитетите на трети земји, како и на регионални и меѓународни организации во областа на воените и одбранбените прашања.

Балканските медицински наменски сили и вооружените сили на партнерите што даваат придонес ќе добијат опрема за теренски болници, воено-медицински возила и системи за комуникација и информации, како и соодветни материјали и услуги, вклучително и техничка обука онаму каде што е потребно.

Најнови вести