На изборите во Србија гласа и дијаспората на гласачки места во повеќе држави во Европа, во САД, Австралија и Азија.
Сепак гласањето во дијаспората се одржува од 7 часот наутро по српско време што значи дека во некои држави ќе се гласа или рано наутро или доцна по полноќ.
Така е во САД, во Лос Анџелес каде гласањето започнува во 23:00 часот по локално време.
Гласачкото место во Лос Анџелес се претвори во концерт пред гласањето.
Во Франкфурт и покрај дождот голема беше излезноста на избирачкото место.