Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок, којшто е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва.
Сиљановска-Давкова укажа на посебната улога на овој настан во будењето и заштитата на човечкото достоинство, одговорноста и почитта кон другиот, во ера на поделби, недоверба и конфликти, газење на правото, етиката и моралот.
За првпат, во 1953 година, претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер учествува на молитвениот појадок во Вашингтон, со што ја почна традицијата секој американски претседател да присуствува на овој настан.
Националниот молитвен појадок има за цел да ги обедини политичките, бизнис и верските лидери во заедничка молитва, градење пријателства и надминување на политичките разлики. Настанот се одржува секој прв четврток во февруари во Вашингтон, а на него редовно присуствуваат претседателот на САД, членови на Конгресот, како и илјадници гости и делегации од над 140 земји од светот.