Скопје држи ритам! Стартува Европското првенство во танц

Главниот град девет дена ќе биде домаќин на натпреварите во класичен балет, џез, модерен и современ танц.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Повеќе од 3.000 натпреварувачи од 26 земји во Европа, од денеска до 29 септември ќе настапуваат во спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје, во рамки на Европското првенство во танц.

Натпреварувачкиот дел ги опфаќа дисциплините: класичен балет, џез, модерен и современ танц. Учесниците ќе се борат за европски титули во повеќе возрасни категории.

Настанот се организира под слоганот „Место каде што елеганцијата се среќава со традицијата”. Во официјалната видео снимка за континенталниот шампионат, снимена на плоштадот „Македонија“ и во комплексот „Македонско село” е покажана врската меѓу балетската естетика и традиционалниот фолклор, прикажувајќи ги локалните обележја пред европската публика.

Годинашното Европско првенство во танц е еден од најмасовните меѓународни спортско-уметнички натпреварувања организирани во Скопје есенва.

Најнови вести