Американскиот Стејт департмент отвори истрага за амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, по наводите за нејзиното однесување во мандатот.
Според британскиот весник „Daily Mail”, вработените во амбасадата го опишале нејзиниот мандат како „чиста тиранија”.
Стејт департментот ги разгледува поплаките против неа, по минатонеделните откритија за нејзините наводно екстравагантни барања. Меѓу нив, според пишувањата на медиумот, имало барања за бесплатни оброци, врвни вина и изградба на кошаркарски терен во вредност од 58.000 долари во нејзината резиденција во Атина.
Вработените во амбасадата тврдат дека живеат во страв од отказ, додека амбасадорката, поранешна водителка на телевизијата „Fox News”, наводно уживала покрај Егејското Море.
Однесувањето на амбасадорката наводно станало сериозен проблем што се вмешала и грчката полиција, откако вработените пријавиле вербално малтретирање.
Кимберли Гилфојл, од обвинителка и водителка на „Фокс њуз” стана амбасадорка на САД во Грција, а претходно беше свршеница на Доналд Трамп Помладиот. Кимберли Гилфојл се најде во центарот на контроверзии по наводна изјава за можноста Вашингтон да влијае врз падот на странски влади и по прашања за нејзините врски со лобисти и енергетски компани.