Светот се соочува со неизвесност, снабдувањето со нафта критично

Цените на енергенсите на европските и глобалните пазари продолжуваат да растат, при што цените на суровата нафта од типот Брент ја преминуваат границата од 107,50 долари.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Долгорочната блокада на Ормускиот теснец и ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток го турнаа светот во сериозна криза со гориво. Капацитетите на рафинериите се намалени поради конфликтите на Блискиот Исток и во Украина со Русија.

Ситуацијата на пазарот е исклучително напната. Дополнителна неизвесност создаде пораката дека нема да има преговори меѓу Иран и Оман за Ормускиот теснец.

Нападите во изминатата недела го онеспособија клучниот саудиски нафтовод ,,Исток- Запад” што се протега од полето Абкаик до пристаништето Јанбу во Црвено Море, рута што треба да го заобиколи Ормускиот проток.

Од друга страна, администрацијата на Доналд Трамп се обидува да ја смири јавноста. Белата куќа тврди дека има механизми за ублажување на притисокот.

Најнови вести