Светска банка прогнозира економски раст за Македонија од 3,2 проценти за 2026 година, наместо претходно очекуваните 2,9 насто.
Новата прогноза е нагорна корекција на очекувањата за македонската економија, во услови на неизвесно глобално окружување и ризици поврзани со геополитичките тензии, понудата и побарувачката.
Според октомврискиот извештај, инфраструктурните проекти се очекува да бидат меѓу главните двигатели на економската активност. За 2027 и 2028 година, Светска банка прогнозира економски раст од по три проценти.
На ниво на Западен Балкан, се предвидува раст од 3,1 процент во 2026 година, додека за 2027 и 2028 година се очекува раст од 3,4 проценти.